Како што е најавено, акцентот меѓудругото ќе биде ставен на долгорочната визија за заштита, ќе се анализираат вредностите и можните граници на опфат на албанската страна од регионот и ќе се идентификуваат целите на управување за потенцијално ставање на албанската страна на Охридското Езеро под заштита на УНЕСКО.
„Оваа сесија е логичен продолжеток на претходната заедничка работа и на заклучокот дека заштитата на природното и културното богатство на Охридскиот регион е можна само ако е интегрална и прекугранична. Имаме напредок во некои сфери но има и уште многу предизвици пред нас. Тоа е аргумент кој не води и зад кој стојат и УНЕСКО и ЕУ во овој процес“- вели Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На работната сесијата ќе учествуваат преставници на Министерствата за култура и за животна средина на двете држави, претставници на надлежни институции, локални самоуправи, како и преставници на советодавните тела на УНЕСКО, IUCN и ICOMOS. Од македонска страна за искуствата и поддршката кон овој процес ќе говорат Зоран Павлов и Ана Алексова од Министерството за култура и Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање.