Насловна / Вести / Тематска работилница од европскиот проект SINERGI

Тематска работилница од европскиот проект SINERGI

WorkShop

Во периодот од 03-05.12.2014 година на Архитектонскиот факултет во Скопје, УКИМ ќе се реализира првата тематска работилница од европскиот проект SINERGI кој претставува платформа за соработка на градовите партнери во проектот (Скопје, Торино, Лисабон и Загреб), како и универзитетите и невладините организации од истите градови.

Почетокот на работилницата е денес, 03.12.2014, во салата на Советот на Град Скопје, каде во 11 часот јавно предавање ќе одржи доц. д-р Алесандро Армандо од Politecnico di Torino на тема The Architecture of the effects: the design of the process in the public transformation.

Во рамките на работилницата на Архитектонскиот факултет во Скопје, УКИМ ќе се одржат и други две предавања од наставници од Politecnico di Torino и тоа во петок, 05.12.2014 во 11 часот во амфитеатарот на АФ ќе се одржи предавањето на проф. Масимо Кроти на тема Language as a construction-Architecture of Crotti & Forsans и истиот ден, петок во 19.30 часот предавање на доц. д-р Алесандро Армандо на тема You can bet on Torino: Who is playing now?.

Испрати коментар

Scroll To Top