Како што беше објавено на Twitter профилот на архитектонското биро на Ingels, BIG, на запад на САД ќе биде изграден од нула утописки град Телосс, кој би требало да се изгради на ненаселена локација со површина од 60.700 хектари. Градот на иднината е идеја на претприемачот и поранешен извршен директор за е-трговија на Walmart, Марк Лоре, кој ја продаде својата стартап страница Jet.com на споменатиот синџир во 2016 година за 3,3 милијарди долари.
„Нашата визија е да создадеме нов град во Америка, кој ќе постави глобални стандарди за урбан живот, проширувајќи го човечкиот потенцијал и кој ќе биде модел за идните генерации“, се наведува во соопштението на Телоса.
Телоса ќе се гради на земјиште во сопственост на заедницата?
„Земјата во суштина би можела да прејде од неплодна пустина во современ град вреден милијарди, па дури и трилиони долари. Тоа ме наведе да поставувам уште повеќе прашања и да размислувам за потенцијално решение. Што ако тоа земјиште биде во сопственост на заедницата? “, вели Лоре.
Постои идеја дека во следните 40 години, планираниот град ќе има до пет милиони жители, а иницијаторите на проектот имаат за цел да создадат град за 50.000 луѓе до 2030 година.
Цел: Најодржливиот град во светот
„Мојот фокус беше да го направам Телоса „најодржливиот град во светот“. Покрај темата за глобалното затоплување, што е тоа што можеме да направиме подобро за идните генерации? Се е можно поради фактот што го градиме градот од нула“, објасни Лоре.
Тој потсетува дека е пожелно да размислиме што се е можно ако од самиот почеток започнеме со одржливи градежни материјали, автономни возила, електрични авиони и подземен транспорт на стоки.
Видиковец во центарот на градот
Градот би овозможувал разновидни можности за домување кои се достапни за секого. Во самиот центар на градот би се наоѓала кула за набудување Equitism, која ќе биде опкружена со низа блокови облакодери.
„Излегувајќи од бујниот централен парк на Телоса, кулата Equitism би претставувала градски светилник“, пишува на страницата на Телоса.
Учеството на Bjarke Ingels во ваков вид на проект не е изненадување, имајќи предвид дека неодамна ја основа компанијата Nabr за производство на модуларни домови, чија цел е „повторно да го преиспита начинот на кој ги градиме зградите“. Покрај тоа, тој разработува и мастер план за целата планета, со цел да докаже дека е можно одржливо човечко присуство на Земјата со адекватна примена на веќе постоечките технологии.