Компанијата Samsung ги претстави телевизорите The Frame, коишто совршено ќе се вклопат во секој ентериер.
Секој дизајнер на ентериер ќе ви каже дека без оглед колку тенките телевизори изгледаат убаво, сепак тие добро не се вклопуваат во дневната соба, особено кога се изгаснати. Црниот екран за многумина не изгледа привлечен!
Меѓутоа, решение е понудено од страна на Samsung со нивните најнови QLED телевизори кои личат на уметнички слики.
Познатиот швајцарски дизајнер Ив Бехар за Samsung ги дизајнира телевизорите The Frame, кои ќе се вклопат во секој ентериер.
Штосот е во тоа што телевизорот изгледа како рамка за слика која виси на ѕидот. Кога е вклучен модот Art, наместо да се изгаси и да стане црн, како и секој ТВ, екранот на овој телевизор им овозможува на корисниците да изберат прикази на уметнички дела специјално дизајнирани за овој уред.
Корисниците имаат на располагање повеќе од 100 уметнички дела кои се поделени во неколку категории, вклучувајќи пејзажи, архитектура, флора и фауна, акција, цртежи…
На дизајнерите на ентериерите особено ќе им се допаѓа фактот што е можно да се избере бојата и типот на рамката за да подобро се вклопи телевизорот, на пример, со постоечките уметнички слики на ѕидот.
Сепак, можеби најголемата предност на овој телевизор е дека не постојат видливи кабли. Имено, The Frame е опремен со нов кабел за невидливо поврзување како и држач кој целосно се „прилепува“ на ѕидот. На овој начин, на корисниците им се овозможува телевизорот да биде закачен каде било, без нередот од кабли или жици.
Се разбира, цената на овие QLED телевизори нема да биде мала. Најевтините модели би можеле да чинат најмалку 2.500 евра, додека другите модели ќе бидат поскапи, во зависност од технологијата и големината на екранот.