Канадскиот дизајнер Жан-Мишел Роше го претстави иновативен концепт за натпреварот Dezeen & LG Display OLEDs GO! …
Наречен „Сигнал“, неговиот концепт иницијално претставува светилката, но во втората фаза од таа се отвора за да стане телевизор и да одговори на потребите на корисниците кои копнеат по уникатни работи. Дизајнот е пред се наменет за оние кои сакаат да имаат телевизор кој не личи на обичен рамен, црн екран кога не се користи.
Концептот користи флексибилен OLED дисплеј на LG кој се преклопува во центарот, како книга. Во затворена положба, „Сигнал“ функционира како Bluetooth звучник и амбиентална светилка, додека кога ќе се отвори, го открива својот OLED екран и ги воодушевува своите корисници со неверојатен квалитет на сликата. „Сигнал“ содржи текстилна навлака одзади, што го прави да изгледа особено привлечно кога е затворен.
Дизајнот за „Сигнал“ проектот е еден од петте финалисти на овој натпревар, кој побара од своите учесници да создадат производи кои ги покажуваат клучните квалитети на OLED технологијата, како што се леснотија и суптилност, како и нивните можности да бидат флексибилни или транспарентни. Очигледно, овој концепт одговори на сите делови на задачата.