Личниот телефон на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер е продаден во неделата за 243 илјади долари, соопшти аукциската куќа Alexander Historical Auctions.
Во најавата на наддавањето, цената на личниот телефон на Адолф Хитлер била проценета на 200 до 300 илјади долари, но според заинтересираноста се очекувало цената да се приближи и до половина милион долари. Почетната цена на наддавањето што се одржа во Чесипак Сити во американската сојузна држава Мериленд, изнесувала 100 илјади долари. Портпаролот на аукциската куќа, Андреас Корнфилд не сакал за медиумите да го открие името на новиот сопственик на телефонот кого аукциската куќа Alexander Historical Auctions го опиша како „Хитлеровиот смртоносен инструмент“.
Според информациите на аукциската куќа, телефонот на познатиот германскиот производител Siemens со гравирано име на Адолф Хитлер и подарок од Вермахтот. Во април 1945 година, телефонот го пронашле советските војници во бункерот на фирерот веднаш по неговото самоубиство и видливи траги од удри во бункерот.
Потоа бил предаден како подарок на британскиот офицер сер Ралф Рајнер, кој бил испратен од фелдмаршалот Бернард Монтгомери на средба со руските офицери во Берлин, а овој подоцна го сокрил и неговото семејство го чувало уредот повеќе од 70 години.
Како што опишува Alexander Historical Auctions, советските офицери првично на Рајнер му го нуделе црниот телефон на сопругата на фирерот Ева Браун, но Британецот го одбил велејќи дека неговата омилена боја е црвената. Аукциската куќа објави дека документите и фотографиите целосно ги потврдуваат презентираните податоци.
Стравувајќи да не биде обвинет за грабеж, Рајнер со децении молчел за телефонот изработен од бакелит и го криел во неговиот дом во Дувлиш, областа Девон. Своите воени трофеи само еднаш ги покажал пред семејството по враќањето од Германија, а на својот син му го предал пред смртта во 1977 година. Во 1990 година наследниците на телефонот добиле потврда за автентичноста од операторот на централата на Хитлер, Рохус Миш.
Телефонот на Хитлер е изработен од црн бакелит со ротационо бирање на бројките и поврзан со плетен кабел обоени во црвена боја. На телото од уредот се гравирани орел и свастика (кукаст крст) симболите на Националсоцијалистичката партија и Третиот рајх, како и името на Адолф Хитлер.
Според експертите на аукциската куќа, основните ознаки на телефонот сведочат дека тој била направен во април 1940 година во фабриката на германскиот концер Siemens во Берлин.
Придружниот материјал за овој аукциски експонат, истакнува дека токму преку овој телефон Хитлер ги издавал некои од своите најзлосторнички наредби. Како што истакнуваат експертите на Alexander Historical Auctions, така овој телефон претставува „орудие кој најголемиот злосторник во историјата го користел за убиството на безбројно многу невини луѓе, уништувањето на стотици илјадници квадратни милји територија и, во крајна линија, уништувањето на сопствената земја и својот народ“.