Сите сопственици на интернет платформите и социјалните мрежи кои најмногу ги користиме, категорично тврдат дека не ја користат можноста за прислушување, бидејќи тоа е незаконски.
Можеби треба да им веруваме, не затоа што веруваме во нивната етичност, туку во нивната желба да го максимизираат профитот. Би било многу скапо на тој начин да се доаѓа до податоци за тоа што им се допаѓа на луѓето.
Фактот што во објавите на некои од интернет платформите ни се појавува оглас не само кога разговараме со некого, туку и кога и ќе погледаме реклама на телевизија или едноставно размислуваме за нешто – е последица на фактот што податоците се собираат за сите аспекти на нашето дигитално однесување и користење на платформи.
Што сте гледале, колку долго сте гледале. Дали ви се допаднало, дали сте споделиле со некого, дали сте коментирале, дали сте споделиле со коментар. Сето тоа се градира врз основа на тоа каде сте, што е исто така важно. Телефоните мора да ја бележат локацијата за да може мобилниот оператор воопшто да ни обезбеди услуга.
Треба да се има предвид дека пред да почнеме да разговараме за нешто со некого, сме размислувале за тоа. Можно е претходно веќе да сме гледале нешто онлајн или некој пријател со кој разговараме да го направил тоа.
Бидејќи сме на иста локација, алгоритмот на сопственикот на интернет платформата вели, чекајте, овие се заедно, овие се пријатели, голема е веројатноста дека вториот ќе го интересира што веќе барал првиот.
На пазарот има неколку апликации кои се користат за прислушување, а најмногу ги користат детективските агенции кои работат според Законите за детективски агенции.
Тоа всушност покажува кои се техничките можности на телефоните. За некој да го активира ова на вашиот телефон, треба да биде некој што имал неовластен пристап до вашиот телефон најмалку неколку минути. Тие што продаваат вакви производи велат дека се наменети за родителите да ги контролираат децата, велат ИТ консултантите.
„Собираме сè, не забораваме ништо“
Живееме во време каде што сите аспекти на нашата дигитална активност се чуваат. И што би рекол еден висок функционер на агенција што се занимава со тие работи: „Collect everything, forget nothing’“ – Собираме сè, не забораваме ништо“. А тоа е масовен надзор.
Затоа мораме да правиме разлика помеѓу шпионирањето како активност која е прецизно насочена кон поединец или организација, од масовен надзор на кој сите сме изложени преку едноставна употреба на дигиталните асистенти – компјутери, лаптопи, телефони, таблети.
Кога станува збор за дигиталните агенции, тие го следат нашето целокупно однесување преку колачиња (cookies) – мали дигитални записи кои не следат, не само кога сме на некоја социјална мрежа, туку и кога било што друго правиме или не правиме, но телефонот е со нас и се движиме.
Ако сакаме целосно да се заштитиме од можноста за „активно слушање“ на телефонот, бидејќи можеби водиме некој доверлив разговор, треба да земеме платнена торба со бакарни конци и да го ставиме телефонот во неа. Тоа е единствениот начин за целосна заштита. Ако сакате да бидете мирни тоа треба да го направи и соговорникот, но цената е што тогаш ќе бидете недостапни.
Исто така, секој од нас треба да одвои малку време и да помине низ опциите во нашиот оперативен систем за секоја апликација.
Во 2021 година, во верзијата на оперативниот систем 14, „Apple“ воведе дека за сите апликации стандардно подесување е дека се им е забрането. Значи, кога апликацијата што ја користиме бара пристап до камерата и микрофонот, ние одлучуваме дали да го дозволиме тоа или не, дали само еднаш или цело време додека ја користиме апликацијата.
Совети како да се заштитите од „активно слушање“
Илисандро Убиедо, истражувач од компанијата „Касперски“, објаснува дека, општо земено, станува збор за еден вид насочено рекламирање што е прилагодено на нас и нашите блиски, врз основа на информациите што различните апликации, веб-страници и пребарувачи ги собираат за да го создадат нашиот профил.
„Пред сè, треба да ги оневозможите услугите за паметните телефони кои се засноваат на активно слушање, како што се Google Assistant или Alexa или Siri. Можете исто така да ги проверите дозволите за апликации и да дозволите пристап до микрофонот само на оние на кои навистина им е потребен, како на пример, апликација за разговор.
Треба да избегнувате инсталирање на несакани апликации, како што се рекламен софтвер или малвер, и да инсталирате антивирус за паметни телефони.
Исто така можете да користите услуга ВПН за да избегнете да бидете таргетирани врз основа на локацијата, па дури и да користите пребарувачи фокусирани на приватноста кои обезбедуваат изворни можности против следење. Бидете информирани за оние кои се обидуваат да ја нарушат вашата приватност“, препорачува Убиедо.