Насловна / Вести / Тел Авив ќе стане првиот град со патишта кои „ги полнат“ електричните возила

Тел Авив ќе стане првиот град со патишта кои „ги полнат“ електричните возила

Израелската престолнина Тел Авив, работи на создавање на безжични електрични патишта за полнење и напојување на јавниот превоз во градот. Електричните патишта се дел од пилот програмата на општината Тел Авив, во соработка со компанијата ElectReon и компанијата Dan Bus.  Патот ќе се простира од железничката станица кај Универзитетот во Тел Авив, до терминалот Клацкин во Рамат Авив, со вкупна должина од околу два километри. Делот со електричен пат ќе биде долг нешто над 500 метри. Електричната инфраструктура (која се состои од збир бакарни намотки поставени под асфалтот), ќе ги полни батериите на специјализираните автобуси, стои во соопштението на ElectReon.  Ова е многу поволно, бидејќи веќе нема да се користат скапи и тешки батерии, ниту ќе има потреба возилата да користат електрични полначи.

Овој концепт ќе му помогне на градот во напорите да го подобрат квалитетот на воздухот и да ја намалат градската бучава. Временската рамка за тестирање и интеграција на ова атехнологија е два месеци, по што компанијата Dan Bus ќе започне да воведува редовни линии со специјализирани возила  за оваа релација.

tel aviv1

tel aviv2

tel aviv4

 

Испрати коментар

Scroll To Top