Насловна / Арт и дизајн / Тејт Модерн најавува спектакуларна изложба со најголемите дела на Пикасо

Тејт Модерн најавува спектакуларна изложба со најголемите дела на Пикасо

Делата на еден од најголемите уметници на сите времиња ќе бидат изложени во лондонскиот Тејт Модерн, во просторот Eyal Ofer Galleries, а изложбата се најавува како настан којшто се гледа еднаш во животот.pablo_picasso

Најпознатите дела на Пабло Пикасо, големиот шпански сликар, ќе бидат изложени во Лондон, а потоа и во Париз. Целта на изложбата е посетителите да го видат творештвото на Пикасо во неговите најпродуктивни години, а од музејот Tate Modern и Musée National-Picasso, кои се организатори на изложбата, најавиле дека тоа е еден од најважните проекти на којшто некогаш работеле.portret na dora mar Picasso5

Насловот на изложбата е Picasso 1932, а се однесува на годината во која уметникот ги создал некои од своите најфасцинантни дела. Ќе бидат прикажани повеќе од 100 различни слики, вклучувајќи ja и познатata Le Rêve, која е во приватна сопственост и никогаш досега не била прикажана во Велика Британија. Од Њујорк стигнува и Jeune Fille Devant ОН Miroir, дело кое е во постојаната поставка на музејот МоМА и коешто речиси никогаш не патува.picasso

На изложбата ќе бидат прикажани слики инспирирани од неговата муза Мари-Терез Валтер, како и фотографии на неговата прва сопруга Олга и синот Павле. Изложбата ќе биде отворена на 8 март следната година.Picasso_s_Les_Femm

Испрати коментар

Scroll To Top