Денес (17 јуни), Лондон ќе стане побогат за уште едeн убав галериски простор, односно се работи за Tate Modern Switch House.
Во прашање е еден вид додаток на Тејт Модерн, кој инаку минатата година го посетиле речиси шест милиони луѓе. Овој импресивен проект е дело на швајцарското архитектонско дуо Жак Херцог и Пјер де Mеурон, а реализацијата и завршувањето на проектот траела речиси девет години.
Со овој додаток лондонскиот Тејт или Музејот на современа уметност во Лондон, ќе го зголеми својот простор за дури 60 проценти, а се работи за една од најзначајните културни инвестиции во последните две децении.
Switch House, чиешто здание има пирамидален облик, има 10 катови, додека ентериерот ќе има низа галерии со различни големини и форми, простор за привремени изложби, како и оние за одржување едукации и перформанси.
Се разбира, ќе има и ресторан на последниот кат со импресивна панорамска тераса со поглед на британскиот главен град.