Четирите највлијателни компании во областа на вештачката интелигенција (AI), најавија формирање на индустриско тело кое ќе го надгледува сигурниот развој на најнапредните модели. Frontier Model Forum е формиран од страна на OpenAI, Antropic, Microsoft и Google. Групата соопштила дека ќе с ефокусира на „сигурен и одговорен развој на граничните AI модели, повикувајќи се на AI технологијата која е дури понапредна од моментално достапните примери”. “Компаниите кои ја создаваат AI технологијата имаат одговорност да осигураат таа да биде безбедна и да остане под контрола на човекот”, рекол Brad Smith, претседателот на Microsofta. Тој истакнал дека оваа иницијатива е витален исчекор на технолошкиот сектор во одговорното унапредување на вештачката интелигенција и соочувањето со предизвиците, така што ќе му користи на целото човештво.
Членовите на форумот рекле дека нивните главни цели се однесуваат на промовирање на истражувањето на безбедноста на вештачката интелигенција, како на пример развој на стандарди за проценка на моделите, односно поттикнување на одговорна примена. Членството во групата е отворено и други за организации од оваа област.