Германската компанија „Техникал текстајлс“ ќе инвестира 12 милиони евра и за почеток ќе вработи 500 до 600 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.
Изградбата на фабриката од 9.000 метри квaдратни најверојатно ќе започне идниот месец, а ќе ја гради македонска компанија. Производството се планира да започне во мај следната година.
Сопственикот Џенс Ванланд, на денешната прес конференција изјави дека за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.
Компанијата произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија, но како што најавија и претходно, покрај овој ќе инвестираат и во друг бизнис.