Насловна / Архитектура / Театарот Достоевски во Велики Новгород ќе добие нов лик

Театарот Достоевски во Велики Новгород ќе добие нов лик

Бруталистичката зграда од осумдесеттите години на минатиот век наскоро ќе блесне со нов сјај – црвена.

teatar2

Реконструкцијата и редизајнот на драмскиот театар Фјодор Достоевски во еден од најстарите градови во Русија, кој се смета за лулка на оваа земја, има за цел да ги подобри карактеристиките на ова култно место и да создаде простор за читање преку нови културни функции и програми.

teatar1

Проектот за реновирање на театарот, после конкурсот, бил доверен на архитектонската фирма Rhizome од Санкт Петербург, а нивната идеја била да го трансформираат театарот во културен кластер и за локалното население и за туристите, притоа истакнувајќи ја вредноста на бруталистичката архитектура од крајот на 20 век.

teatar3

Според предложениот концепт, се планира дополнителен „слој“ на развој на постојната структура, како и нови содржини, кои хармонично се мешаат со постојната структура, без имитирање на истата, пишува StrelkaKB, која го организирала натпреварот.

Метални текстури и рефлектирачки материјали, како и светли бои и осветлување, се дел од планот што треба да придонесе за освежување на зградата. За осветлување на фасадата се дадени разни нијанси на црвена боја со цел да се создаде нов идентитет на театарот.

teatar4

Новите простори се меѓусебно поврзани со цел да се претстави новиот театар како единствен и кохерентен објект со транспарентни структури со цел да им се овозможи на посетителите да ѕирнат во животот на театарот.

teatar5

Овој проект е избран за победник на натпреварот одржан под раководство на Владата на регионот Нови Горски, а во организација на StrelkaKB. Од 16 апликации, три архитектонски практики биле во потесниот избор, а по проверката, Rhizome биле најдобро избрано решение. Најмногу промени ќе има во внатрешноста на зградата.

teatar6

teatar7

Испрати коментар

Scroll To Top