Архитектонското биро Haworth Tompkins ја проектираше привремената зграда што ќе служи како замена за театарот „Cottesloe“, во периодот од една година додека тој се реновира.
Исполнет со рециклирани седишта и обложен со грубо режано дрво кое 100% може да се рециклира, привремениот театар е во остар конраст со своето бетонско опкружување. А она што карактеристиките на одржливост на овој објект ги поставува на повисоко ниво, се четирите оџаци кои овозможуваат природно ладење.
Со дрвената облога се укажува чест на првобитниот Народен театар проектиран во 70-тите од натур бетон и коцкеста геометрија.
И најдоброто од се, кога реновирањето на оригиналниот тетар ќе се заврши, оваа зграда целосно ќе може да се демонтира и да се користи повторно на друга локација.