Руската енергетска компанија ТГК-2, која во своја сопственост ја има термоелектростаницата ТЕ-ТО од Скопје, ја разгледува можноста за продажба на дел од активите на кинески инвеститор и руската компанија смета дека ќе добие средства за гаснење на долгот. Централата се проценува на 9.6 милијарди рубли (263 милиони американски долари), објави порталот и сервисот на македонски јазик „Руска реч“.
Исто така, порталот информира дека Генерирачката компанија ТГК-2 направи зделка за добивање на ТЕЦ со моќност од 220 МВт во главниот град на Македонија Скопје. На 28 мај енергетската компанија соопшти дека ги има добиено 100% од акциите кои се регистрирани на име на компанијата Bitar Holdings Limited, кому му припаѓаат 89.2% од акциите на ТЕ-ТО АД Скопје, која е сопственик на ТЕЦ. Се проценува дека вредноста на станицата е близу 9.6 милијарди рубли (263 милиони американски долари), појаснуваат во ТГК-2.
Потенцијален купувач на ТЕЦ во Македонија би можел да стане кредиторот на ТГК-2 „Гаспром“. Извори од пазарот за Комерсант велат дека „Гаспром енергохолдинг“, откако ги проучил активите на ТГК-2, ја разгледал и електростаницата во Скопје. Но, на прашањето на Комерсант, во „Гаспром енергохолдинг“ изјавиле дека „во моментов не се заинтересирани за никакви активи на ТГК-2“.
Според податоците на весникот, постои варијанта за продажба на дел од активот на некоја „кинеска компанија“.