Насловна / Вести / Тажен крај за омилениот велосипед од времето на социјализмот

Тажен крај за омилениот велосипед од времето на социјализмот

На популарното „Пони“ со носталгија се сеќаваат сите оние кои го минале детството во поранешната заедничка држава. Пред две години враќањето на култниот велосипед од југословенските простори привлече големо медиумско внимание. Но, денес се чини дека оваа приказна е веќе завршена. Компанијата BTC,  еден од двата партнери на проектот веќе се откажала, додека вториот партнер компанијата Gorenje наводно нашла нов купувач за компанијата Gor kolesa (сопстеник на брендот Rog), но не открива за кого станува збор. Gorenje, кој од неодамна е во сопственост на кинески Hisense, веројатно погрешно процени дека овој бренд може да биде повторно популарен, особено со промовирањето на мобилноста и одржливоста. Продажбата на „Пони“ велосипедите во модерна варијанта беше планирана за пазарите во Хрватска, Србија и Словенија, но за жал и покрај одличната промоција, немаше голем успех.  За поттикнување на продажбата не помогнаа ниту акциите на големите трговски ланци како „Меркатор“ и „Туш“, бидејќи многумина не се одлучиле да го купат токму поради цената, од 329 евра за основниот модел, до 789 за најскапата варијанта.

Словенечките медиуми тврдат дека токму цената е причина за неуспехот, бидејќи на пазарот има многу велосипеди по значително пониска цена.

Pony

pony1

Pony3

Испрати коментар

Scroll To Top