Насловна / Вести / Таткото на вештачката интелигенција со предвидување – 10 до 20 отсто шанси дека технологијата ќе го уништи човештвото

Таткото на вештачката интелигенција со предвидување – 10 до 20 отсто шанси дека технологијата ќе го уништи човештвото

Компјутерскиот експерт и човекот кого често го нарекуваат „татко на вештачката интелигенција“, Џефри Хинтон, ги скрати шансите во своите предвидувања дека напредната технологија ќе го уништи човештвото, сега оставајќи „само“ од 10 до 20 отсто шанси за такво сценарио во следните 30 години.

Претходно, Хинтон, кој минатата година ја доби Нобеловата награда за физика за неговата работа и придонес во развојот на вештачката интелигенција, даде околу 10 отсто шанса дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото.

На прашањето на Би-Би-Си Радио 4 дали ја променил својата анализа за потенцијална апокалипса од вештачката интелигенција, тој одговори: „Не, 10 до 20 отсто“.

Изненаден од одговорот, уредникот забележал „па одите повисоко“, на што Хинтон рекол: „Секако. Видете, никогаш во историјата не сме се занимавале со работи поинтелигентни од нас“.

„Колку примери знаете за поинтелигентни работи контролирани од помалку интелигентни? Има многу малку примери, како мајка и бебе. Еволуцијата вложи многу напори за да му овозможи на бебето да ја контролира мајката, но ова е единствениот пример за кој знам“, истакна британско-канадскиот експерт.

Професорот-емеритус на Универзитетот во Торонто вели дека луѓето ќе бидат мали деца во споредба со интелигенцијата на моќните системи за вештачка интелигенција.

„Замислете се себеси како тригодишно дете. Ќе бидеме тригодишни деца“, додаде Хинтон.

Минатата година, Хинтон дојде во жижата на јавноста кога ја напушти својата работа во Гугл за да може слободно да зборува за ризиците што ги носи неограничениот развој на вештачката интелигенција, особено грижејќи се за тоа дека луѓето би можеле да ја користат технологијата едни против други.

Инаку, главната грижа на поголемиот дел од стручната јавност е дека развојот на генеративна вештачка интелигенција, односно системи попаметни од луѓето, може да претставува егзистенцијална закана така што би успеал да избегне човечка контрола.

Испрати коментар

Scroll To Top