Насловна / Архитектура / Татјана Шундовска MK, говорник на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Татјана Шундовска MK, говорник на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Татјана Шундовска е дипломиран инженер архитект и сопственичка на фирмата ЕСПЕРАНЦА од Битола, која се состои од проектантско биро и оперативен дел за изведба на објекти. Од своето основање па сè до денес, таа со својот тим непоколебливо ја води фирмата по нагорна линија, создавајќи успешни проекти и квалитет кој е препознатлив во градот и поширокиот регион.

Во своето 30-годишно работно искуство, проектант e на повеќе од 1000 станбени, административни, угостителски, сервисни, стопански и јавни објекти, со директно учество во изведбата на поголемиот дел од нив. Кон секоја нова градба пристапува со уникатен одговор на функционалните барања на клиентите, просторот и времето во кое е проектирана.

Татјана Шундовска остварува одлична соработка на проекти со дел од министерствата, странските амбасади во земјата, регионалните центри за развој и меѓународни институции како IMG, IOM, UNDP и UNOPS. Зад неа стои голем број добиени и успешно реализирани тендери, наградени конкурсни решенија и публикувани проекти.

На Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Татјана Шундовска ќе ги сподели своите искуства од проектирањето и изведбата на објектите, како и предизвиците со кои се соочува во текот на своето долгогодишно работење.

Испрати коментар

Scroll To Top