Лондонскиот Tate Modern и реномираниот факултет Central Saint Martins одлучиле да отворат бесплатно уметничко училиште во просторот на „Тејт“.
Иницијативата доаѓа од „Тејт“ како одговор на кризата во областа на уметничкото образование, која моментално е присутна во Велика Британија.
Средствата наменети за бесплатни уметнички студии значително се намалени, бидејќи како приоритетни се означени науката, технологијата, инженерството и механиката.
Новото училиште, на тој начин, ќе обезбеди можност за сите кои сакаат да посетуваат бесплатни предавања, како и работилници, каде што студентите ќе можат да се сретнат со професионалци во индустријата. Исто така, новата иницијатива има за цел галеријата да стане подостапна за пошироката публика.
„Оваа размена на знаење не води кон публиката и го охрабрува дијалогот“, рече Ана Катлер, директор на одделот за образование во „Тејт“.
„Нашите посетители ја носат сопствената култура и единствени искуства, и галериите и музеите треба да бидат места каде што тие ќе бидат во можност да ги покажат“.
Училиштето ги отвори своите врати завчера, на 9 јануари, а првиот круг на предавања ќе трае до крајот на оваа недела. За повеќе информации за овој голем проект, посетете ја официјалната веб-страница на „Тејт Модерн“.