Кон крајот на јануари, градот Зрењанин во соработка со Канцеларијата за млади и невладините организации, организираше акција за собирање на автомобилски гуми со цел правење на нова атлетска патека во Караѓорѓевиот парк.
Претставниците на Канцеларијата за млади на градот изјавија дека еден дел од собраните гуми ќе биде рециклиран и ќе биде направен тартан за патеката, додека парите од продажба на останатиот дел ќе бидат искористени за реализација на проектот.
Досега се собрани околу 20 тони гуми во соработка со вулканизерите од Зрењанин, а проектот го поддржуваат и Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, како и Министерството за млади и спорт.
Со овој проект ќе се подигне свеста на граѓаните за рециклирањето и заштитата на животната средина, а се планира проектот да се прошири и на останатите градови во Србија.