Авангардната модна куќа Maison Martin Margiela заедно со белгискиот текстилен бренд Omexco создаде колекција на ѕидни тапети. Omexco е бренд кој ја започна својата приказна во 1981 година, и оттогаш порасна до име со голема препознатливост и со многу свои продавници низ целиот свет. Maison Martin Margiela создаде колекција на ѕидни тапети од рециклиран памучен материјал во разни бои и со разни отпечатоци, кои изгледаат како завеси, мермерни урнатини, мозаици, крстови… целосно во стилот на Margiela. Ова не е првиот чекор на модната куќа во внатрешната декорација, односно во 2000 година, тие лансирале линија на декоративни елементи за ентериери наречена Ligne 13 – Objets & éditions.