Насловна / Арт и дизајн / Танцот на платната на руските сликари

Танцот на платната на руските сликари

Руските сликари го доживувале танцот како еден од најдобрите начини да се прикаже националниот колорит и националната разновидност.

„Виор“, Филип Маљавин, 1906 г.

maljavin_resize

Импресионистот Маљавин ја материјализирал енергијата на танцот. Неговиот танц на едноставни жени во сарафани со интензивни бои го зафаќа целото платно и како во следниот момент да ќе излезе од неговите граници.

„Кај фонтаната“, Кузма Петров-Водкин, 1906 г.

fontana_resize

Авторот бил фасциниран и од магијата на танцот и народните ора. Сликата „Кај фонтаната“ прикажува девојки како танцуваат во веќе препознатлив стил – со водени бои, проѕирни текстури и леснотија.

„Оро“ , Наталија Гончарова, 1910 г.

natalija_resize

Една од клучните фигури на руската авангарда, Наталија Гончарова, ја прикажала руската култура низ призмата на сфаќањата карактеристични за почетокот на 20 век.

„Танц меѓу мечеви“, Хенрих Семирацки, 1881 г.

macevi_resize

Инспириран од патувањето во Рим, сликарот сам го измислил овој антички мотив. Сликата „Танц меѓу мечеви“ е насликан во духот на доцниот академизам. На крајот на 19 век, голем број критичари, го доживуваат ова дело како „пиреј“ во уметноста, како нешто од што треба да се ослободи. Па сепак, намалената верзија на оваа слика беше најскапото платно на Семирацки на аукциската куќа Sotheby’s во 2011 година, кога беше продадено за 2.980.000 долари.

„Стар балет“, Константин Сомов, 1923 г.

somov_resize

Во царска Русија, балетот го одразувал целиот сјај и моќ на Руската империја и бил едно од најважните наследства на рускиот двор. Сцената од претставата што ја прикажал Сомов е од „Божествената комедија“ на Данте и зборува за трагичната љубов на Франческа да Римини кон братот на нејзиниот сопруг. По успехот во Њујорк, ова платно било продадено на аукција во 1926 година, а повеќе од еден век се сметало за изгубено, до 2020 година, кога повторно се појавило на аукција.

„Оро во село“, Алексеј Саврасов, 1873-1874 г.

savrasov_resize

Оро е сакрален танц на источните Словени. Го играло целото село во разни ситуации – на свадби, запросувања, повикување дожд, на почетокот и на крајот на жетвата итн. Саврасов на своите платна го овековечи руското село, па природно е што не ја заобиколи ниту оваа тема.

„Аргентинска полка“, Казимир Маљевич, 1911 г.

maljevic_resize

Брзата и жива полка на почетокот ја играле само претставници на аристократските кругови. Потоа полката, како квадрилот, се проширила и меѓу луѓето и станала можеби и најтипичниот руски танц. Маљевич ја прикажал „народната“ полка во народен стил, т.е. по угледот на фолклорна уметност.

„Народен танц“, Михаил Володин

volodin_resize

Како лојален член на КПСС, Володин омилениот мотив на рускиот танц го пренел на работниците кои го граделе социјализмот.

„Балетска гардероба. Снегулки“, Зинаида Серебрјакова, 1923 г.

garderoba_resize

Серебрјакова создаде цела серија слики на тема балет зад сцената, т.е. не посветила внимание на самиот балет, туку на празничната и возбудлива атмосфера на балетските гардероби. Стилистиката на ѕиркање и документарност е нејзината омилена уметничка постапка.

„Жаба-принцеза“, Виктор Васњецов, 1918 г.

zaba_resize

Виктор Васњецов во Русија е познат како главен илустратор на руските бајки. Покрај тоа, руските бајки и се замислуваат токму онака како што ги прикажувал Васњецов. Тој ја прикажал жабата-принцеза во моментот кога престанува да биде жаба, т.е. го добива својот првобитен изглед и танцува на празникот.

„Игранка“, Константин Коровин, 1936 г.

korovin_resize

Во текот на 1930-тите, Коровин сликал рурални пејзажи по сеќавање, бидејќи бил принуден да живее надвор од Русија. Носталгијата го поттикнала да создаде цела серија слики посветени на руската природа, руските „тројки“, празниците и, се разбира, селските игранки.

„Народен танц“, Фјодор Сичков, 1911 г.

sickov_resize

Масленица е словенски празник на завршување на зимата, а народниот танц бил негов нераскинлив елемент, како и печење палачинки и палење страшила од слама.

„Трговски бал“, Иван Куликов, 1899 г.

трг_resize

Во 19 век баловите биле многу популарни во трговските кругови. За разлика од познатите аристократски балови на царска Русија, каде што можеле да присуствуваат само благородници, влезот на баловите на трговската класа бил бесплатен, т.е. трговците давале одредено учество, а сите други можеле да влезат ако купат билет, кој сепак не бил евтин. За овие балови била карактеристична разноликоста на класите, од високото општество на руската култура до богатите чиновници и странците. Заради тоа и атмосферата била повесела.

„Руски танц“, Борис Смотров, 2003 г.

posledna_resize

Борис Смотров је наглашавао националну тематику, имитирајући стил лубок. Његов приказ у једној равни подсећа на јорган са шареним пачворк дезеном необузданих, јарких боја.

Борис Смотров ја нагласувал националната тематика, имитирајќи го стилот на лубок. Неговиот приказ во една рамнина потсетува на јорган со шарен дезен на нескротливи, интензивни бои.

Испрати коментар

Scroll To Top