Вечерва, 15 јануари, во 21 часот во дизајн центарот „Јавна соба“ се отвора изложбата „Танц“ на Ана Андроска.
Изложбата „Танц“ е серија топли колоритни композиции од масло на платно и медијапан во релативно големи формати. Андроска преку своите дела го пренесува своето видување за потесниот круг и околината.
Во доминантна позиција е ставена жената и женските карактеристики, грижата за семејството, навиките, заднинските размислувања и претскажувањата за соништата.
Изложбата „Танц“ е отворена за сите посетители во период 15 – 31 јануари, при што влезот во Јавна соба е слободен за сите посетители.
Ана Андроска е родена 1982 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Сликарство и графички дизајн, во класа на проф. Вело Ташовски. Во 2007 година посетува Интернационалната летна академија во Салзбург, сликарство: Зошто? Каде? Како? кај професор Ирина Накова – Москва. Самостојни изложби: 2015 Сонувајќи со ѕвездите III, НЛБ Тутунска банка, Скопје; 2013 Сонувајќи со ѕвездите II, музеј Робевци, Охрид Р. Македонија; 2012 Сонувајќи со ѕвездите I, Национална галерија на Македонија, Скопје, 2007 Лајка, Отворено графичко студио, Музеј на град Скопје, Скопје. Групни изложби: 2009 14th Biennial of Young Artists from Europe and Mediterranean, Skopje (R.M); 2006/07 Сурогати, Културен центар Точка, Скопје; 2005 Real Presence, in collaboration with IUAV-FDA, as parallel event within official program of the 51. Venice Biennial, Venice (Italy); 2004 Real Presence, Museum of the 25th of May, Belgrade (Serbia); 2004/05 Цртеж:’ртеж Ск_Мк_Нови Тенденции, Културен центар Точка, Скопје. Награда: 2014 Blank Canvas Moxy, Milan – finalist.