Насловна / Вести / Талибанскиот режим во Авганистан го договори првиот меѓународен проект во енергетиката

Талибанскиот режим во Авганистан го договори првиот меѓународен проект во енергетиката

Талибанскиот режим во Авганистан изгледа дека ја договорил првата меѓународна соработка, и тоа во областа на енергетиката. Имено, во Туркменистан е објавено дека талибанскиот режим дал поддршка за изградбата на најголемиот туркменистански стратешки меѓудржавен гасен проект – изградбата на гасоводот TAPI (Turkmenistan – Afghanistan – Pakistan – India Pipeline). Со тој гасовод ќе се транспортира природен гас од резервите на Туркменистан преку Авганистан и Пакистан до Индија.

tapi1

Workers stand near a gas pipe during the launching ceremony of construction work on the Afghan section of a natural gas pipeline that will link Turkmenistan through Afghanistan to Pakistan and India, near Serhetabat

Туркменистан се обидува да го реализира овој проект веќе долга низа години, но проблемот е во хронично нестабилните региони на рутата, првенствено во соседен Авганистан. Авганистанската влада уште од 2010 година зборува дека ќе даде сигурносни гаранции за изградбата на тој гасовод, но тоа до денес не се случи. Гасоводот TAPI е проектиран за пренос на  33 милијарди m3 гас со должина од 1.800 km низ три земји. Пакистан и Индија би добивале по  14 милијарди m3 а Авганистан 5 милијарди m3 природен гас годишно. Денес Авганистан троши 200 милиони m3 гас.  Авганистан би можел да заработи околу 500 милиони USD годишно од транзитот на гас. Западните медиуми пишуваат дека за Туркменистан би било подобро да се преориентира на проектот Транскасписки гасовод (TCP), со кој земјата би испорачувала гас на „жедниот“ европски пазар.

tapi3

Испрати коментар

Scroll To Top