Тактичко оперативниот центар на АРМ, кој воедно е координативен центар низ кој се координираат сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал согласно изразените барања, како и меѓусебна координација помеѓу инволвираните субјекти ангажирани во санирањето на последиците од катастрофалната поплава.
Од страна на воената полиција во содејство со МВР се превзема и регулирањето на сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.
Во текот на вечерта во среда на граничниот премин Блаце пристигна конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде се потребни. Инженериските машини се доделени од страна на КФОР врз основа на меѓусебната соработка и искажаните потреби од страна на АРМ.