Насловна / Арт и дизајн / „Тајната соба“ на Микеланџело ќе биде отворена за посетители

„Тајната соба“ на Микеланџело ќе биде отворена за посетители

Поранешнаиот подрум за јаглен во која се верува дека се сокривал големиот ренесансен уметник Микеланџело за да избега од лутиот папа ќе биде отворен за јавноста на 15. ноември, објави музејот во Фиренца.

м1

„Тајната соба“ на Микеланџело се наоѓа во внатрешноста на Музејот на капелите Медичи, а ѕидовите ги красат со јаглен исцртани скици на човечки фигури кои му се припишуваат на Микеланџело.

Уметникот, наводно, таму нашол засолниште во 1530. година, криејќи се во тајна просторија од одмаздата на Медичи, откако се вратиле од егзил, бидејќи тој ги предал и го поддржал бунтот што ги соборил.

м2

Просторијата откриена во 1975 година

Мала просторија долга десет метри, широка три метри и висока два и пол метри, извесно време се користела за складирање јаглен. Откриена е при реновирање во 1975 година.

Се наоѓа под „Новата сакристија“, комплексот на монументалната базилика Сан Лоренцо во Фиренца.

м3

Paolo Dal Poggetto, тогашен директор на Музејот на капелите Медичи, многу од цртежите пронајдени на ѕидовите му ги припишува на Микеланџело, иако во меѓувреме други тоа го оспоруваат.

Dal Poggetto верувал дека уметникот се засолнил во тајна соба откако се огрешил од папата Климент VII.

м4

Ограничен број на посетители

Меѓу бројните цртежи е и еден што би можел да биде автопортрет. На него е прикажана свиткана фигура, која бележи тешки месеци поминати во просторија со еден прозорец, во која се влегува преку таен влез.

Досега пошироката јавност не можеше физички да влезе во „тајната соба“ на Микеланџело. Во последниве неколку децении пристап до малата „ќелија“ имаа само експерти за уметност и повремени „среќни“ гости.

м5

Од 15. ноември, мали групи од четири лица со водич ќе можат да ја посетат просторијата најмногу 15 минути. Влезниците ќе чинат 20 евра, покрај 10. евра што се наплаќаат за влез во главниот музеј.

„Воведовме ограничен број посетители по временски интервал поради потребата од наизменични периоди на изложување на скиците на LED светло со продолжени периоди на темнина“, пренесува Ројтерс.

До собата се пристапува со тесни скали, а бројот на посетители неделно ќе биде ограничен на 100 луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top