Насловна / Архитектура / Тајландски залив на желки – еко-туризам на оригинален начин

Тајландски залив на желки – еко-туризам на оригинален начин

Ова е фантастична дестинација за сите љубители на еко-туризмот, тајландскиот залив на желките.

zelki

Не, тоа не е само идеална дестинација за еко-туризам, бидејќи овој оригинален залив има и ресторан со органска кујна, локална продавница за сувенири, за занаети и домашно сместување (но на посебен начин) сместено во бујна природна област на егзотичниот Тајланд. Таа е една од главните туристички атракции во споменатиот простор, а во „богатата понуда“ на природата има и диви птици, големи дрвја и не помалку атрактивно езерце со цветови од лотос, кое послужило како главна инспирација за дизајнот на целиот проект.

zelki1

За да дојде до името на овој необичен проект, архитектот Саравут Јансаенг-арам го користел името на локацијата или тајландскиот збор за планина („khao“), додека другиот дел од името се однесува на желката („tao“ ). Само еден поглед на овие куќи покажува дека архитектите биле инспирирани од оклопот на желките, додека материјалите биле внимателно избрани за да создадат избалансирана хармонија со природната средина.

zelki2

Така, ќерамидните покриви речиси незабележливо се спојуваат со површината на земјата, која е направена од чакал и камен, што во исто време дополнително го нагласува изгледот на куќата на желките. Другиот главен материјал што се користел за изградба на покривот и ѕидот е бамбусот, кој е избран поради неговата неверојатна способност за свиткување.

zelki3

Користејќи ги знаењата и техниките на локалните занаетчии, архитектот проектирал голем простор со висок покрив и стратешки позиционирани прозорци за да се постигне природна вентилација, додека опремата во форма на соларни панели исто така делумно била користена на некои покриви. На овој начин, електричната енергија произведена во текот на денот од природна светлина мудро била искористена за да се осветли целиот комплекс во текот на ноќта.

zelki4

zelki5

zelki6

zelki7

Испрати коментар

Scroll To Top