Тајфунот Меги ја зафати источна Кина, откако вчера беснееше над Тајван, каде зеде четири жртви и рани над 260 лица, пренесоа американските медиуми.
Меги ослабна до тропска бура, кога достигна до крајбрежниот град Цјанчжоу во провинцијата Фуцзјан, придружен од ветрови со брзина до 118 километри на час. Нема податоци за настрадани.
Во Тајван тајфунот донесе поројни дождови и силни ветрови со брзина од 162 км / ч. Властите го зголемија степенот на тревога поради опасност од лизгање на земјиштето и поплави. Меѓу повредените 268 лица има осум јапонски туристи кои патувале со автобус.
Над 8.000 лица беа евакуирани, а 2.800 лица се сместија во привремено засолниште.
Над два милиони домаќинства останаа без електрична енергија, но попладне беше вратено напојувањето во над 976.000 домови. Поради Меги имаше и доцнења на 120 летови, а 253 беа откажани. Седум авиони беа пренасочени од меѓународниот аеродром Таојуан кон други тајвански аеродроми.