Планерската куќа ТАЈФА Архитекти ДООЕЛ и Општина Карпош организираат работилница која ќе се одржи утре, со цел прибирање на податоци и информации кои ќе послужат за процесот на планирање на локалитетот на поранешната фабрика Алумина – Скопје. Во интерес на планирање на просторот на транспарентен и партиципативен начин ги канат претставниците на невладиниот сектор да присуствуваат на работилницата на која ќе можат да дадат свој придонес во урбанистичкиот развој на овој простор со идеи, предлози и мислења.
Работилницата ќе се одржи утре, 19. април 2022 година од 14 до 18 часот во Мала сала, барака 1 во просториите на Општина Карпош.
Имајќи ја во предвид здравствената ситуација во земјата во врска со КОВИД САРС вирусот, како и ограничените просторни можности, присуство се најавува преку електронска пошта: