Од реакторите во сите 128 нуклеарни централи на територијата на ЕУ, најнебезбедни се оние во бугарската нуклеарка „Козлодуј“, наведува германскиот весник „Тагесшпигел“.
Весникот потсетува дека по примеот во ЕУ, Бугарија требаше да ја запре работата на четири од вкупно шесте реактори на „Козлодуј“.
Во написот се посочува дека и Меѓународната агенција за атомска енегрија изнела критики за начинот на менаџирање со нуклеарката, со оценка дека постојат многубројни проблеми околку безбедноста на „Козлодуј“, дека не постои план за дејствување во случај на хаварија и дека персоналот не е соодветно обучен. Според весникот, тоа значи дека би било крајно тешко да се надмине евентуален инцидент во „Козлодуј“.
„Тагесшпигел“ во анализата потенцира и дека просечната старост на нуклеарните централи во ЕУ изнесува околу 30 години, што е причина за вознемиреност околку нивната безбедност.
По бугарската „Козлодуј“ како други ризични нукеларки во ЕУ во текстот се посочуваат и оние во Велика Британија и Франција.