Насловна / Архитектура / Тадао Андо и Кенго Кума проектираат куќи за Ким Кардашијан

Тадао Андо и Кенго Кума проектираат куќи за Ким Кардашијан

Ким Кардашијан ги ангажирала водечките јапонски архитекти Тадао Андо и Кенго Кума да проектираат две викендички во САД – вила „Зен“ во Палм Спрингс и викендица на езерото за прослава на 4 јули.

ТВ ѕвездата сподели детали за овие проекти за време на неодамнешното интервју за магазинот Vogue, во кое зборуваше за нејзината „љубовна врска со архитектурата, особено со јапонската“.

Kim

Кума, кој го проектираше националниот стадион со дрвени облоги за Олимпијадата во Токио 2020 година, работи на „куќа на езеро направена од стакло и дрво“ на непозната локација, каде што Кардашијан вели дека планира да го помине Денот на независноста со своето семејство, пренесува Dezeen.

Во меѓувреме, во приватна затворена заедница јужно од Палм Спрингс, Калифорнија, архитектот, добитник на наградата Прицкер, Андо, проектира двокатна, заоблена, триаголна вила што се споредува со вселенски брод. Конечниот резултат ќе биде „бетонски, сиви тонови и навистина Зен“, откри Кардашијан.

Иако барањето за планирање на сопствениот имот на Кардашијан според проектот на Андо било поднесено во ноември, почетокот на изградбата е одложена бидејќи локалниот совет побарал повеќе информации за да утврди дали куќата ги исполнува прописите за пожари и правилата за изградба на базен.

Испрати коментар

Scroll To Top