Германскиот дизајнер Roi B стои зад ова парче мебел, направено од затегнати јажиња и челични цевки кои се заварени на закривените делови за да создадат топло, органско чувство. Вештиот заварувач кој со години брилијантно дизајнира уникатни парчиња мебел, искористил дури 56 затегнати јажиња и челични цевки со пресек 60 милиметри за да го создаде ова уникатно парче.
Хармоничниот спој на неговата вродена љубов кон уметноста и длабокото познавање на металот направил беспрекорно рачно да изработува предмети на концептуален дизајн. Неговата најнова серија на столчиња T-Cord е ограничена на 10 парчиња и има светло зелени затегнати јажиња кои се растегнати со помош на принцип на хиперболичен параболоид.
Дизајнерот не крие како токму формата на прочуениот Pringles чипс го инспирирала да се впушти во ваква авантура. Како што вели – гледал како секое парче крцкав чипс одлично се вклопува со останатите парчиња кои биле наредени така што ниту едно не се скрши. Помислил – зошто да не дизајнирам висококвалитетно столче кое ќе биде исклучително оригинално и во исто време удобно!
Дизајнот на ова столче прави работите истовремено да изгледаат комплицирани и сложени, но и едноставни и лесни. Слободно може да се каже дека хиперболичната параболоидна форма е многу повеќе од само геометриска изјава.
Ова секако не е прв пат обликот да се користи во архитектурата и структурниот дизајн, но убаво е да се види во помал обем.