Насловна / Вести / СЗО апелира на итно намалување на краткорочните загадувачи на воздухот

СЗО апелира на итно намалување на краткорочните загадувачи на воздухот

zagaduvanje pri proizvodstvo na celik

Светската здравствена организација (WHO) го објави извештајот за намалување на здравствените ризици со редуцирање на краткорочните загадувачи на воздухот, во кој укажува дека е неопходна итна реакција со цел намалување на емисијата на цврсти честички, озон, метан и јаглерод моноксид, бидејќи предизвикуваат климатски промени и здравствени проблеми за живиот свет.

Во извештајот се наведува дека споменатите краткорочни загадувачи на животната средина годишно предизвикуваат рана смрт кај седум милиони луѓе. Со намалувањето на емисиите на тие загадувачи би се намалил ризикот од појава на бројни заболувања, но би се обезбедила и поздрава храна и повисок квалитет на животот воопшто.

zgaduvanje i zdravjeto

Експертите упатуваат на над 20 можни начини за намалување на емисијата на краткорочни загадувачи во атмосферата вклучувајќи го и подобрувањето на стандардите за емисија на штетни гасови од возилата, премин од фосилни горива на обновливи енергенти и намалување на отпадот од храната.

Во извештајот се наведува дека загаденоста на воздухот на отворено, годишно предизвикува смрт кај 3,7 милиони луѓе, додека раната смрт кај 4,3 милиони луѓе во светот настапува поради здравствени проблеми предизвикани од загадувањето во затворени простории, најчесто како последица на неадекватен енергент за греење.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top