Од ликови од цртани филмови, преку суперхерои, брендот Swarovski својот кристален допир го дал на многу предмети.
Продолжувајќи ја оваа традиција славниот бренд, ова лето го претстави кристалниот Бетмобил, во кој мрачниот витез Бетмен, талка по улиците на Готам Сити, бранејќи го градот и неговите жители. Ова парче е дизајнирано како врвна реплика и ќе ги воодушеви обожавателите на декоративни предмети.
Драгоцената кристална фигура дефинитивно не е наменета за игра, направена е од црни Swarovski кристали и се смета за „must-have“ парче за сите страствени колекционери и совршен поклон за некој од нив. Ексклузивното парче е со димензии 3.4/14.9 сантиметри и има дури 473 фацетирани агли, заедно со заоблените тркала.
Цената на Swarovski Бетмобилот изнесува 599 американски долари и достапен е за купуваење преку сајтот на славниот бренд.