Парцелите на сегашниот град се одраз на акумулацијата на слоеви генерирани од неговите жители низ историјата. Врз основа на оставените траги лесно може да се открие силна видлива трага на претходниците и кои сакале да да се наслојат врз постоечката градска меморија што може да се проучува преку разгледување на минат контекст.
Студио OJO на архитектите Гарсија Ацин и Жорди Родригез Баса, интервенираа на минатогодишното издание на фестивалот на макети во Барселона со нивниот предлог „Преврти ја пирамидата“, со кој предлагаат промена на перспективата на едно од оние места кои оставиле трага во градското ткиво.
Интервенцијата на OJO estudio на плоштадот Идриса Диало чие име е променето во спомен на младиот Гвинеец кој почина во 2012 година откако беше префрлен во странскиот притворен центар (CIE) во Барселона. Промената на името е направена на плоштадот, каде од 1940 година има скулптура на Антонио Лопез, првиот бизнисмен кој се збогатил од трговијата со робови во текот на 20 век.
Како можеме да создадеме инклузивни градови, од различност и сложеност? Што прави еден простор да му припаѓа на целиот свет? Која е општествената одговорност на архитектурата? Како можеме да го гарантираме правото на јавен простор и правото на домување? „Превртување на пирамидата“ ни предлага да ја промениме нашата перспектива.
И покрај фактот што статуата на Антонио Лопез беше отстранета во 2018 година, што несомнемно ќе претставува една од првите вежби за симболична резигнификација како дел од политиките за деколонизација, празниот постамент сè уште останува на плоштадот.
Постаментот е еден од симболично најнепристапните простори што постојат. Интервенцијата, спроведена во рамките на фестивалот за архитектура на макети во Барселона 2022 година, го менува значењето и визијата на она, што служеше за да се истакне супериорноста, хиерархијата и моќта на една индивидуална фигура и предлага да се смени оваа пирамида од класи и да се подигне колективот над пиедесталот, односно да се стави крај на маргинализација и селективност при достапноста на градските празнини и да се трансформираат во јавен простор за секого. Јавна платформа од која ќе се реинтерпретира постколонијалниот град и ќе размислува за позицијата и културните претстави на класата, полот и расата во урбаната средина. Овој нов простор ги елиминира хиерархиите и не повикува да ги нагласиме социјалните аспекти својствени за архитектурата и урбанизмот.
Изборот на конструктивниот систем одговара на примарно утврдените цели, а тоа се: да создаде минимален отпечаток, имплементација на монтажен, стандардизиран и пред сè целосно повторно реупотреблив систем, продолжувајќи го животниот век на материјалите.
Инсталацијата е посветена на повторното заживување на јавни простори или неупотребени урбани структури, така што луѓето ќе станат свесни за местото во кое живеат. Структурата е всушност павиљон, мал простор за граѓаните каде што секој може да се изрази, составен од простор на ниво на врвовите на дрвјата, но и пергола над плоштадот, куќичка на дрво, простор за дебатирање, агора, место од кое да размислуваат и од каде би можеле да го искусат градот од друга перспектива.