Насловна / Екологија / Светските метеоролози предупредуваат на екстремни климатски услови

Светските метеоролози предупредуваат на екстремни климатски услови

wmo1
Поголеми турбуленции во атмосферата, сѐ повеќе екстремно студени, поларни и жешки бранови, џиновски бранови во океаните и апокалиптични метеоролошки предвидувања – ова биле темите на Меѓународниот конрес на климатолозите кој се одржа во Монтреал.

На повик на Светската метеоролошка организација, агенција на Обединетите нации, околу илјада метеоролози дебатирале на темата „Временска прогноза, каква ни е иднината?“ Ова била прва светска конференција за метеорологијата.

Речиси десет години од стапувањето на сила на Протоколот од Кјото, чија цел беше да се намалат емисиите на гасови кои го создаваат ефектот на „стаклена градина“ и водат кон загревање на атмосферата, сега повеќе никој не го поставува прашањето за глобалното загревање. Во првата деценија од овој век, просечната температура на земјината површина пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Зголемување од еден процент доведува до седум отсто поголемо испарување на вода во атмосферата, а бидејќи испарувањето е придвижувач на воздушните струи во атмосферата, метеоролошките прилики сега почесто се менуваат.

Испрати коментар

Scroll To Top