Новиот Светски трговски центар во Њујорк стана највисоката зграда во САД. Градбата висока 541 метар е доволна за Меѓународната асоцијација на архитекти да ја прогласи за највисока. Со поставувањето на иглата на зградата висока 124 метри Светскиот трговски центар го добива овој примат. Објектот има 104 ката и пет подземни катови, а ќе биде отворен во 2014 година. Освен тоа во него има и меморијален комплекс, музеј и спомен обележје на жртвите кои настрадаа во несреќниот настан во 2011 година.
Висината на новиот Светски трговски центар има и симболика затоа што е идентична со висината на урнатиот СТЦ во 2011 година.