Светскиот фестивал на архитектурата (Тhe World Architecture Festival – WAF), најголемиот светски меѓународен архитектонски настан, ги објави победниците за 2021 година во категоријата „Пејзаж – урбан контекст“.
Во категоријата „Пејзаж – урбан контекст“ шест победници се натпреваруваат за признанието „Пејзаж на годината“.
Светскиот фестивал на архитектурата ќе се одвива како настан со пренос во живо, од 1 до 3 декември 2021 година во Лисабон. Дигиталниот настан на WAF во 2021 година ќе се состои од тридневни конференциски програми во живо, награди и придружни настани, со разговори на водечките светски архитектонски мислители и личности од индустријата, кои ќе се пренесуваат во живо исклучиво за делегатите на фестивалот.
Jeanne Gang, директорката на Studio Gang, Ben van Berkel, основачот на UNStudio, Peter Cook, Kirsten Lees од Grimshaw, David Green од Perkins+Will, Joanna Bacon од Allies and Morrison, главниот архитект на Москва, Сергеј Кузњецов, Ian Ritchie од Ian Ritchie Architects и други, ќе говорат на WAF 2021.
Победниците во категоријата „Пејзаж – урбан контекст“ ги претставуваат водечките светски архитектонски пракси, вклучувајќи ги Turenscape, S.D. Atelier Design & Planning, Одделот за култура и туризам – DCT ABU DHABI, Sasaki и Zaha Hadid Architects.
Во продолжение се шесте наградени проекти кои се во трка за победник.
Ревитализација на главниот брег на Казан во Русија, Turenscape
Овој урбан пејзаж на брегот на реката Казањка се користи од десетици илјади луѓе дневно, проектот сега стана модел на урбана обнова, одржлив развој и социјална еднаквост во Русија.
Железница во Тајван, S.D. Atelier Design & Planning
Проектот претставува реновирање на предходно затворени железнички објекти во урбана рекреативна област со разновидни еколошки и културни обележја.
Masterplan Al Hosn, DCT Abu Dhabi, Одделот за култура и туризам – DCT ABU DHABI
Целта на мастерпланот за трансформација е Тврдината повторно да се воспостави како културно срце на градот со нов културен парк-пејзаж, вклучувајќи и конзервација на локацијата која ги опкружува историските градби.
Xuhui Runway Park во Кина, Sasaki
Некогаш главната писта на аеродромот Лонгхуа, локацијата е трансформирана во една покрај друга, јавна улица и линеарен парк, овозможувајќи вреден коридор на отворен простор кој ги опслужува градските објекти со голема густина и нуди прекупотребен рекреативен простор за соседните населби.
Niederhafen шеталиште покрај река во Германија, Zaha Hadid Architects
Бариера за заштита од поплави вклучува градското шеталиште покрај реката, обезбедувајќи панорамски поглед на Елба и историското пристаниште. Надграденото речно шеталиште со должина од 625 метри е составен дел на модернизацијата и зајакнувањето на градскиот системот за заштита од поплави.
Al Fay Park во ОАЕ, SLA Architects
Нов урбан јавен со биодиверзитет од 27.500 квадратни метри во Обединетите Арапски Емирати, што е управуван од инклузивна природа, а не од култни згради.