Насловна / Вести / Светскиот автомобил на годината за 2022 година, ќе биде електричен

Светскиот автомобил на годината за 2022 година, ќе биде електричен

Веќе се познати финалистите во изборот „Светски автомобил за 2022 година“  (World Car of the Year 2022). Овогодишниот избор за најдобар автомобил на светот е во својата завршна фаза, откако се објавени номинациите по категории, додека имињата на победниците ќе бидат соопштени во април, на авто самонот во Њујорк. Во 2019 и 2021 година, меѓу трите финалисти имаше по два електрични, а оваа година сите финалисти имаат електричен погон. Интересно е дека од трите модели, два се од Кореја и тоа од истата групација Hyundai Motor Group. Значи за титулата најдобар автомобил во 2022 година се натпреваруваат: Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6.

wcy1

wcy2

wcy3

wcy5

 

Интересно е дека во рамките на овогодишниот избор постои и посебна категорија „Најдобри електрични автомобили“, а во конкуренција за наградата се: Audi E-Tron GT, Hyundai Ioniq 5 и Mercedes-Benz EQS.  Жирито ќе прогласи победници во уште три категории. За „Најдобар лукзусен автомобил“ конкурираат: BMW iX, Genesis GV70 и Mercedes-Benz EQS. За „Најдобар спортски автомобил“ се натпреваруваат: Audi E-Tron GT, BMW M3/M4 и Toyota GR 86 / Subaru BRZ.  Во конкуренција за „Најдобро дизајниран автомобил“, се: Audi E-Tron GT, Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6.

За да се најдaт во изборот за „Светски автомобил на годината“, моделите мора да бидат во сериско производство со повеќе од 10.000 произведени примероци на годишно ниво. Освен тоа, мора да бидат достапни на барем два „големи“ светски пазари, од почетокот на минатата до крајот на март оваа година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top