Домаќинот на Светскиот самит за одржлив развој 2018 ќе биде Њу Делхи во индија. Самитот ќе се одржи во периодот од 15-ти до 17-ти февруари, во организација на Институтот за енергетика и ресурси – TERI (The Energy and Resources Institute), чија филозофија како примат ги има одржливоста и управувањето со животната средина. Учесниците ќе се фокусираат на активностите во однос на одржливиот развој и борбата против климатските промени, под мотото „партнерства за брзо опоравување на Планетата“.