Насловна / Вести / Светски економски форум: Деценијата која доаѓа ќе ја одбележат еколошки и општествени кризи

Светски економски форум: Деценијата која доаѓа ќе ја одбележат еколошки и општествени кризи

Анализата на глобалните ризици  – Global Risks Report 2023, која е подготвена од страна на Светскиот економски форум (WEF), покажува дека покрај економската рецесија, судирите и војните, главна закана за човештвото во наредната деценија ќе бидат и разните облици на еколошка криза. Во наредните две години, ризикот е најголем на полето на трошоците за живот, додека заканата од неуспехот на климатската акција, ублажувањето и прилагодувањето на климатските промени е окарактеризирано како најголем ризик со кој човештвото се соочува во следнтата деценија. Глобалните ризици се категоризирани во неколку групи. Во извештајот се анализираат економските, геополитичките, општествените, технолошките ризици и ризиците од областа на животната средина, и тоа во прогнози за наредните две и за наредните десет години.

grr1

Се заклучува дека се вратиле некои „стари ризици“, како инфлацијата, кризата од трошоците за живот, одливот на капитал од пазарите во развој, општествените немири, геополитичките конфронтации и закани со нуклеарна војна и сл. Човештвото влегува во период на низок економски раст и слаба меѓународна соработка, додека компромисните решенија ризикуваат да ја нарушат климатската акција, глобалниот развој и идната отпорност на државите и глобалните заедници, се вели во анализата. Авторите користеле три временски рамки за разбирање на глобалните ризици. Анализирано е влијанието на моменталните кризи односно глобални ризици, за кои се очекува да се материјализираат во рок од две години. Акутните ризици за 2023 година се нарушувањата во снабдувањето со енергенти и храна и растечката инфлација.

grr2

Во извештајот исто така се анализираат и најголемите ризици во рок од десет години кои би можеле да се претворат во кризи. Се помал број држави ќе имаат фискален простор за инвестиции во иден раст, зелени технологии, образование и здравствени системи, истакнуваат авторите. Меѓу останатото, до 2030 година има голема опасност од недостаток на природни ресурси, додека загубата на биодиверзитетот и колапсот на екосистемите се сметаат за глобални ризици на кои им претстои сериозна криза во наредната деценија. На ранг листата од десет ризици, како во краткорочните така и во долгорочните проценки, шест се од областа на животната средина. Авторите предупредуваат на нарушувањата во соработката во геополитичка смисла и истакнуваат дека тоа ќе ја зајакне кризата во наредниот период на повеќе полиња. Извештајот опишува четити сценарија фокусирани на недостатокот на вода, храна, минерали и метали. Вака поврзаните ризици се закануваат да предизвикаат сериозни хуманитарни и еколошки кризи, почнувајќи од војни за вода и храна до континуирана прекумерна експлоатација на природните ресурси. Сепак, во оптимистичката нота на овој извештај, се нагласува дека сеуште постои простор за обликување на посигурна иднина.

grr3

 

Испрати коментар

Scroll To Top