Насловна / Вести / Светски ден на урбанизмот – 8 ноември

Светски ден на урбанизмот – 8 ноември

Светскиот ден на урбанизмот, 8-ми ноември е востановен уште во 1949 година од страна на Carlos Maria della Paolera, професор на Универзитетот во Буенос Аирес, со цел подигање на професионалниот и јавниот интерес за урбаното планирање, и тоа како на локално така и на меѓународно ниво.

Професорот Paolera, исто така, е одговорен за креирањето на симболот на Светскиот ден на урбанизмот, кој претставува трилогија од природните елементи основни за животот: сонцето (со жолто), вегетацијата (со зелено), и воздухот (со сино), осврнувајќи се на рамнотежта помеѓу животната средина и човекот. Во моментот, настанот с епрославува во триесет земји на четири континенти.

world-planning

Преку урбанизмот, кој претставува поле кое ги обединува не само архитектите туку и социолозите, географите и други професии, се овозможува планирањето и реализацијата на промените во најграндиозната креација на човекот – градовите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top