Насловна / Архитектура / Светски архитекти кои не напуштија во 2022 година

Светски архитекти кои не напуштија во 2022 година

Да се осврнеме на познатите архитекти кои починаа во текот на изминатата година, но нивното наследство и придонес во светската архитектура сигурно ќе ги надживее.

Меѓу нив, се сеќаваме на добитникот на Прицкеровата награда и пионер на високата технологија во архитектурата Ричард Роџерс, постмодерната икона Рикардо Бофил, промислениот Гио Обата, иноваторката Дорин Аденго, футуристот и уште еден лауреат на Прицкер, Арата Исозаки.

Ричард Роџерс (1933-2021)

rr

„Архитектурата е премногу сложена за да може да ја реши еден човек… Уживам во динамиката што тече кога различни дисциплини, од социологија до математика, преку инженерство и филозофија, се здружуваат за да создадат решенија“, рече своевремено Роџерс.

rr1

Во далечната 1977 година, релативно младо и непознато дуо архитекти, Ричард Роџерс и Ренцо Пиано, го преврте архитектонскиот свет со својата зграда Центар Помпиду во Париз. Една деценија подоцна, кога ја поектирираше деловната зграда на Лојд во Лондон, Роџерс го зацврсна својот препознатлив пристап кон проектирањето.

Денес, тој е познат како татко на движењето за висока технологија, варијација на модернизмот што ја прокламира поетиката на структурата, технологијата и транспарентноста. Со текот на годините, тој стана познат и по својата филозофија и по своите градби, а стана и 31-виот лауреат на Прицкер во 2007 година.

Рикардо Бофил (1939-2022)

bof1

„Сакав, еднаш засекогаш, да создадам простор доволно моќен, нормални луѓе, кои не знаат ништо за архитектурата, да го доживеат на начин на кој навистина ќе сфатат дека архитектурата постои“, рече Рикардо Бофил.

На прв поглед, споредување меѓу проектите на Бофил може да открие мали сличности. Од стоицизмот на неговиот дом и студио во поранешните силоси на Ла Фабрика, преку класицистичкиот постмодернизам на париската станбена зона Noisy-le-Grand, до живописната  изведба на La Muralla Roja.

boff

Неговите проекти делат заедничка нишка во концептот на регионализам и, како што вели во едно интервју, имал за цел да пронајде алтернативи за „поедноставениот модернизам со враќање на духот на медитеранскиот град“.

Иако некои од неговите проекти со текот на годините наидоа на различни реакции од критичарите, тој останува високо ценет, особено затоа што новите генерации стануваат инспирирани од неговите згради.

Гио Обата (1923–2022)

Gyo_Obata_in_2005

„Слушајте многу внимателно и размислувајте за тоа што го сакаат луѓето, работете напорно и пронајдете ги најдобрите начини да го подобрите квалитетот на животот околу вас“, напиша Обата во книгата Gyo Obata: Architect – Clients – Reflections (2010).

Роден во 1923 година во Сан Франциско, Гио Обата (Gyo Obata) со текот на годините стана архитект чие наследство лежи во неговиот пристап на проектирање архитектура врз основа не на неговата лична идеологија, туку на потребите и аспирациите на луѓето кои ја користат градбата.

gio

Заедно со партнерите Џорџ Хелмут и Џорџ Касабаум, Обата воведе трипартитен деловен модел, при што секој партнер поединечно се фокусирал на маркетинг, производство или дизајн. Оваа стратегија доведе до тоа HOK Group да стане една од најголемите архитектонски пракси во светот.

Дорин Аденго (1976–2022)

dor1

„Од клучно значење е да се каже гласно дека архитектите и урбанистите можат да го подобрат секојдневниот живот на луѓето, помагајќи им на градовите да се развиваат одржливо“, зборуваше Дорин Аденго.

Архитектица од Уганда, Дорин Аденго беше познат како еден од водечките практичари кои се залагаат за промени и инклузивност во загрозените заедници.

doris

Иновативната Дорин во својот краток живот,  работеше во многу проектантски бироа ширум светот пред да се врати во Кампала за да започне сопствена пракса Adengo Architecture во 2015 година.

Нејзината пракса имаше јасен етос, а тоа беше фокусирање на „воспоставување вредности на проектирањето во африканските градови“.

Фруто Вивас (1928 – 2022)

frut

„Секогаш велам дека имам само еден проект, единството на архитектурата со природата“, изјави Фруто Вивас.

Архитектот од Венецуела, Хозе Фруктозо Вивас, беше препознатлив по смелоста на своите геометриски форми и мајсторска интеграција на вегетацијата и светлината во архитектонскиот волумен.

vivas

Вивас работеше заедно со архитектот Оскар Нимаер на проектот на Музејот на модерна уметност во Каракас и со шпанскиот архитект Едуардо Торох на проектот Táchira Club, исто така во Каракас, и може да се каже дека ова се две негови најзначајни дела.

Во 2014 година ја доби Ibero – американската награда за архитектура за неговиот пристап кон „архитектурата и урбанистичкото планирање насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“.

Џејмс Стјуарт Полшек (1930–2022)

polshhh

„Вистинската важност на архитектурата лежи во нејзината способност да ги решава проблемите на луѓето, а не да биде стилска. Зградата е премногу трајна и премногу влијателна врз јавниот живот и личниот комфор за да биде создадена првенствено како ‘јавна уметност’“, изјави Џејмс Стјуарт Полшек.

Делата на Полшек често се скромни, давајќи приоритет на општествените вредности пред естетиката и разбирајќи ја архитектурата како „уметност на исцелување“, како што тој ја нарече.

plsh

Иако овој архитект не и беше познат на пошироката јавност, често добиваше позитивни критики и пофалби од критичарите, кои го разбраа хуманиот и разумен пристап на неговите дела.

Во 1963 година, тој ја основа својата пракса, James Stewart Polshek Architect, која еволуираше преку повеќе итерации,за конечно да дојде до Ennead Architects во 2010 година.

Мајнхард фон Геркан (1935–2022)

majn1

„Архитектот има посебна општествена одговорност, бидејќи архитектурата е уметност со општествена обврска и употреба“, зборуваше Мајнхард фон Геркан.

Роден во 1935 година во Рига, Летонија, Мајнхард фон Геркан беше еден од најуспешните германски архитекти во повоениот период.

Berlin Hauptbahnhof, Ansicht von Süden. Architekt: Meinhard von Gerkan.

Заедно со Фолквин Марго ја основал реномираната архитектонска пракса gmp Architects во 1965 година, со која изведе над 500 проекти ширум светот.

Геркан исто така беше и автор и критичар, како и основач на фондацијата gmp, непрофитна организација фокусирана на образовниот развој на дипломците и младите архитекти.

Арата Исозаки (1931–2022)

ар

„Мојот идентитет се одсликува во тоа што секој пат сакам да создадам разлика. Не само во еден стил, туку секогаш и во однос на ситуацијата, кон околината, каде архитектонскиот стил се чита како решение. Секој пат е поинаку“, изјави Арата Исозаки.

Архитект, предавач и теоретичар, Арата Исозаки беше еден од најпознатите јапонски архитекти, и покрај предизвикот кој пред него го поставуваа неговите сонародници, говорејќи дека неговиот дизајн понекогаш е нетрадиционален.

arata

Од почетокот на својата кариера, (во младоста работел со Кензо Танге), Исозаки се позиционирал како припадник на авангардата која делувала вон архитектонските конвенции. Во 2019 година ја доби наградата Прицкер за неговиот транснационален и бестрашен футуристички пристап кон дизајнот.

Покрај тоа што позади него останаа над 100 изведени проекти, Исозаки работел и на дизајн на мебел и графика, а се занимавал и со пишување, архитектонска критика и теорија.

Испрати коментар

Scroll To Top