Насловна / Архитектура / Светска сензација – пазар кој го посетиле 8 милиони луѓе во само една година

Светска сензација – пазар кој го посетиле 8 милиони луѓе во само една година

141006-Markthal-Rotterdam-open

Дали пазарите во блиска иднина ќе бидат нова омилена типологија на архитектите, тешко е да се заклучи, но секако јасно е дека проектот на Winy Maas, за пазарот во Ротердам конкурира  за вистински спектакл. И успева во тоа. Архитектот Maas, познат како „enfant terrible“ на современата архитектонска сцена успеа во својата намера пазарот Markthal да го лансира како светски хит.

 

002-rotterdam-markthal

Во проектот се вложени 175 милиони фунти, а над впечатливиот пазар во лак се надоврзуваат станови односно резиденцијален дел. За време од една година овој пазар е посетен од дури осум милиони луѓе, што двојно ги надминало очекувањата и на најголемите оптимисти. Со тоа, пазарот во Ротердам ги надмина и познатите културни атракции како Ајфеловата кула, Сикстинската капела и Гугенхајм музејот во Билбао.

02-Section-Markthal-Apartments-Market-Shops-and-Catering-Parking-www-designstack-co

Неодамна овој проект беше награден со престижната  European Property Award. На пребарувачот Google се споменува над 25 милиони пати. Туризмот во Ротердам е во подем токму поради овој објект.

Markthal-Rotterdam-Bovenaf

На пазарот во Ротердам се наоѓаат 96 штандови. Конструкцијата е налик на тунел, висок 40 метри и долг околу 70 метри. Во склопот на ова здание се сместени и 228 станови. Однадвор е во сива боја со гранитни облоги, како продолжение на тардицијата од улиците на градот.

Pazar vo Roterdam

Иако е доста висока, градбата не се наметнува во околината туку извонредно се вклопува. „ Ротердам има бројна популација работничка класа, па затоа сакав да создадам проект кој е „поп“ а не нешто снобовско“ вели авторот.

maxresdefault
Внатре, овој тунел на сводовите има насликано овошје и зеленчук, но интересно е дека и прозорците од некои станови гледаат токму на пазарот. Односно, како што с еизраззил еден критичар од познатиот  „Guardian“: “Тоа е Сикстинска капела на свежото производство“. Освен што гледаат на пазарот, некои станови имаат и коси ѕидови. Сепак холандскиот печат пренесува дека сите станови се продадени, дури и екстренмно скапиот  „penthouse“ со цена од над еден милион фунти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top