Намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина поради мерките за запирање на пандемијата, нема да биде доволно за запирање на климатските промени, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO – World Meteorological Organization). WMO ги повикува владите да ги разгледаат стимулативните пакети за преминување на зелена економија. Во извештајот на WMO за глобалната клима се укажува дека периодот од 2015 до 2019 година бил најтоплиот петгодишен период откако постојат мерењата и дека глобалната просечна температура забележала раст од 1,1 степен Целзиусов во споредба со прединдустрискиот период.