Од година во година се зголемува бројот на луѓе во светот кои немаат пристап до свежа вода за пиење. Во исто време повеќе региони во светот полека се претвораат во пустини. На опасноста од недостатокот на вода подолго време сериозно се укажува, а експертите тврдат дека се наоѓаме “на работ”. Во продолжение преглед на најзагрозените региони:
Бразил
Сао Паоло веќе има сериозен недостиг на вода, а рестрикции се можни и за време на одржувањето на Светското фудбалско првенство ова лето.
Блискиот Исток
Во овој регион како најпогодени се посочуваат Иран, Обединетите Арапски Емирати и Јордан. Во ОАЕ веќе се практикуваат низа неконвенционални постапки, како на пример десалинизација на морската вода, преработка на отпадните води, собирање на дождовницата и сл.
Северна Африка
Со настојувањето на Египет за изградба на мега брана на Нил, се намалува дотокот на вода во Етиопија, со што повеќе региони ќе бидат сериозно погодени од недостатокот на вода.
Меѓу првите шест на оваа листа следуваат: Јужна Азија, Кина и Калифорнија
Извор: Guardian