Насловна / Вести / Светска банка: Наместо „Луково поле“, приоритет треба да биде гасификацијата

Светска банка: Наместо „Луково поле“, приоритет треба да биде гасификацијата

Lukovo-pole-akumulacija

Светската банка  излезе со информации во однос на донесените препораки од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа за енергетските објекти во Националниот парк „Маврово“. Во изјава за интернет – порталот „Фактор“, од банката велат дека во наредниот период ќе се фокусираат на проектот за гасификација на Македонија. „Во однос на променетите приоритети на Владата за инвестиции во енергетскиот сектор, од Светската банка беше побарано да обезбеди помош со развој на пазарот на гас во Македонија, наместо за претходно дискутираното вложување во предложениот проект за „Луково поле“, посочуваат од Светската банка. Со ваквиот став на оваа банкарска институција, останува нејасно како ќе се развива во иднина енергетскиот проект „Луково поле“. Шпанската консултантска куќа „Ациона Инхенериа“ во конзорциум со македонската фирма „АБЦ Консалтинг“ во изминатиов период ја изработија проектната документација за предвидената камено – насипна брана со висина од 71 метар. Светската банка пред две години тврдеше дека ќе обезбеди финансиски средства за овој проект во висина од 50 до 55 милиони евра.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top