Насловна / Вести / Светот запре, природата се лекува!

Светот запре, природата се лекува!

Откако Европската агенција за животна средина (ЕЕА) минатата недела го потврди големото намалување на концентрациите на загадувачите на воздухот, особено концентрациите на азотниот диоксид (NO2), нова потврда дојде од Европската вселенска агенција (ЕСА).

svet1
Поради воведување на карантини и строги ограничувања на движење низ цела Европа и последователно намалување на сообраќајот со автомобили и други активности, загаденоста на воздухот е значително намалена во поголемите европски градови. Ова е потврдено со најновите податоци на ЕСА, објавени кон крајот на минатата недела, засновани на слики од сателитот „Copernicus Sentinel-5P“.
Научниците од холандскиот институт за кралска метеорологија (КНМИ) користеле податоци од „Copernicus Sentinel-5P“ за следење на времето и загадувањето низ цела Европа за периодот од 14 до 25 март и ги спореди со месечниот просек на концентрации во 2019 година. Сателитските слики покажуваат јасно намалување на концентрациите на загадувачи во најголемите европски градови, вклучувајќи ги Париз, Мадрид, Милано, Барселона, Брисел и Франкфурт.
“Концентрациите на азотниот диоксид варираат од ден на ден, како резултат на промените во времето, и заклучоците не можат да се извлечат врз основа на податоците за еден ден“, објаснува Хенк Ескес на КНМИ и затоа е избран периодот од 14 до 25 март. Со набудување на податоците за одреден временски период, во случајов 10 дена, ние сме во состојба да видиме промени како резултат на човековата активност. Хемијата на нашата атмосфера е комплексна, а процентниот пад на концентрациите на загадувачите на воздухот може да биде малку поразличен од падот на емисиите. Атмосферски модели, кои ги земаат предвид дневните временски промени во комбинација со техники на инверзно моделирање, се потребни за да се измери влијанието на емисиите врз основа на сателитски набудувања, додава Ескес.

svet
Затоа, научниците на КНМИ, во соработка со колегите од целиот свет, извршиле детална анализа користејќи достапни податоци за земја, податоци за времето и инверзно моделирање за да ги интерпретираат забележаните концентрации и да го оценат влијанието на мерките за ограничување на движењето за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според изјавата на ЕСА, ситуацијата на северот на Европа, вклучувајќи ги Холандија и Велика Британија, внимателно се следи, но научниците забележале поголема варијабилност како резултат на промените на временските услови. Затоа, новите мерења оваа недела ќе овозможат проценка на промените во концентрациите на азотниот диоксид над северозападна Европа.
“Единствените карактеристики на „Copernicus Sentinel-5P“, неговата голема просторна резолуција и неговата можност точно да ги следиме трагите на стакленички гасови во споредба со другите сателитски мисии, ни овозможуваат уникатно да ги измериме концентрациите на азотниот диоксид од вселената“, рече Клаус Зехнер, шеф на мисијата Sentinel-5P во Европската вселенска агенција.
Според податоците на ЕЕА, концентрациите на азотниот диоксид (НО2) се намалени во многу италијански градови во последните неколку недели.
Во Бергамо, италијански град во срцето на епидемијата на коронавирус, концентрацијата на N02 постојано се намалува во последните четири седмици, таа е за 47 отсто пониска отколку во истата недела од 16 до 22 март во 2019 година. Исто така, во Рим, просечните концентрации на НО2 се пониски за 26 до 35 отсто во изминатите четири недели во однос на истата недела минатата година.
Слични трендови беа забележани и во другите европски градови каде беа воведени карантини и беа спроведени строги ограничувања за движење, а во исто време, од 16 до 22 март, во Барселона концентрацијата N02 е намалена за дури 55 отсто. Во Мадрид просечното ниво на НО2 се намали за 56 отсто за една недела, а во однос на истата недела во 2019 година се намали за 41 отсто. Во Лисабон, концентрацијата на НО2 беше намалена за 51 отсто во истиот период.

Испрати коментар

Scroll To Top