Една третина од обработливото земјиште на планетата во минатите 40 години е изгубена поради ерозија и загадување на почвата, а зачувувањето на обработливите површини е од извонредно значење за обезбедување исрана за постојано растечкиот број на популацијата. Ова го покажуваат резултатите од едно истражување претставено во текот на неодамна одржаната Светска климатска конференција во Париз. „Под нормални земјоделски услови, потребни се околу 500 години за да се создаде обработлив слој од 2,5 сантиметри. Исчезнувањето на таквите површини пак, во последно време е позачестено, а побарувачката за храна расте“ велат биолозите од британскиот Универзитет во Шефилд во својот извештај.
Стручњаците предупредуваат дека зачувувањето на обработливите површини е од клучно значење, ако светот сака да произведе доволно храна за над девет милијарди луѓе, колку што според некои прогнози се очегува да брои светската популација во 2050 година.
„Губењето на обработливите површини претставува една од најголемите глобални закани во земјоделството“ се вели во соопштението на професорот Данкан Камерон од Универзитетот во Шефилд. Тој препорачува, земјоделците да се посветат кон „зачувување на земјоделството“, често да ги менуваат засеаните култури на иста парцела, да ги враќаат органските материи назад во почвата и да користат помалку азотни ѓубрива.