Насловна / Екологија / Светот повторно им се враќа на нуклеарките?

Светот повторно им се враќа на нуклеарките?

066488bf9066276c08fb4826c97e7e57
Дебатата за нуклеарната енергија повторно е покрената. Иако некои земји и понатаму пружаат отпор, изгледа дека светот повторно се враќа кон овој извор на енергија. До разгорување на полемиките дојде откако Русија за кратко време склучи договори со Индија, Унгарија и Финска за изградба на нови нуклеарни централи. Имено, Москва и Њу Делхи потпишаа спогодба за изградба на најмалку 12 нуклеарки до 2035 година. Покрај тоа, Унгарија има нов договор со Русија за проширување на нуклеарните капацитети во земјата. И финскиот парламент ѝ одобри на филијалата на руската агенција за атомска енергија „Росатом“ да изгради нуклеарна централа на западот од земјата. Велика Британија ќе изгради уште еден реактор на својата територија, а Кина планира дури 28 нови.

Таа експанзија сè уште не е видлива во официјалната статистика. Во 1996 година 18% од енергијата на глобално ниво била обезбедувана од нуклеарките, а денес одвај 11%. Американската администрација ја поддржува нуклеарната енергија, па оваа година се издвоени 6,5 милијарди долари кредитни гаранции за изградба на два реактори во сојузната држава Џорџија.

Поради катастрофата во Фукушима во 2011 година, некои земји се откажаа од овој извор на енергија. Германија, на пример, се обврза до 2022 год. да ги исклучи своите нуклеарни постројки. Италијанската влада, пак, планираше  да го зголеми производството на нуклеарна енергија, но три месеци по Фукушима на референдум тој предлог беше одбиен. Во остатокот од светот сè уште нема промени на ставовите што беа заземени по катастрофата во Јапонија.

Франција е една од земјите кои традиционално се пронуклеарни, но кои полека стануваат скептични. Парламентарците во Париз го поддржаа предлог-законот кој налага рез на учеството на нуклеарна енергија од 75% на 50% во вкупното производство до 2025 година. Кина доминира со глобалната нуклеарна индустрија и држи 40% од сите нуклеарни капацитети во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top